(ВИДЕО) Претседателот на Алтернатива предлага: Химната да има еден текст за Албанците и еден текст за Македонците

од Milan1
49 прегледи

Претседателот на партијата Алтернатива, Зеќирија Ибрахими, смета дека заедно со промената на државниот грб треба да се смени и химната.

Во емисијата „Дијалог кај Лајм“, Ибрахими рече дека во интерес на внатрешната кохезија, химната треба да ги претставува сите заедници кои живеат во Северна Македонија.

Според него, такво нешто би можело да се постигне на неколку начини. Првиот, правејќи химна со два текста, едниот за Албанците, а другиот за Македонците. Второ, химна со еден текст што ќе ги вклучи сите ентитети и ќе може да се пее на сите нивни јазици. И третото, химна без текст.

„Еден од начините е химна без текст или да се направи друг текст кој ќе биде без етнички идентитет или каде што ќе бидат вклучени сите други етникуми таму и ќе може да се пее на кој било јазик од која било етничка припадност. Македонците, Албанците, Турците и другите можат да ја пеат на својот јазик. Постои уште една опција текстот да се адаптира и да биде погоден за сите други етникуми. За нас Албанците, мелодијата на химната не е толку проблематична колку е текстот на химната. Во духот на државната кохезија и во духот на добрата волја во Северна Македонија, мислам дека е во интерес на државата прашањето за химната да се дискутира во пакетот за грбот. Дали може да има два текста за химната? Не е исклучено ниту, каде Албанците ќе можат да имаат свој текст и тие да имаат свој текст на химната”, рече Ибрахими, во емисијата „Дијалог кај Лајм“.

Слични содржини