По крунисувањето на кралот Чарлс Трети Кејт Мидлтон и принцот Вилијам продолжија со кралските ангажмани и бројните обврски, а најмладиот член на семејството, петгодишниот принц Луис, уште еднаш ја покажа својата палавост.
Малиот принц и неговото семејство волонтирале на извиднички настан.
Уживањето во свежиот воздух било одлично за сите, а денот го поминале со логорски оган, возење багер, гаѓање со лакови и стрели и јадење колачиња.
Видеото на „Дејли Мејл“ на кое се прикажани принцезите Кетрин и Шарлот во друштво на други деца и волонтери како прават колачиња ја воодушеви јавноста.
@the.royal.watcher #fyp #katemiddleton #princewilliam #princelouis #princesscharlotte #princegeorge #coronation #coronationconcert #kingcharles #princeharry #meghanmarkle #royalfamily #princelouisofcambridge #princessdiana #princessofwales ♬ nintendo wii (mii channel) song – Julie
Додека волонтер му подал колаче на Луис, неговата мајка Кетрин го потсетила да биде учтив и да каже „благодарам“. Тој го направил тоа, а потоа ги лижеше прстите, се вртеше околу својата оска, се удри во својата постара сестра Шарлот и заврши во прегратките на неговата мајка Кетрин.