(ВИДЕО) Прислушуваните новинари најавуваат тужби

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Запрепастени, згрозени, но не и изненадени. Ова се коментарите на дел од новинарите кои биле прислушувани и кои денеска од СДСМ добија папки со дел од прислушуваните разговори.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев изјави дека повеќе од 100 новинари биле прислушувани од Управата за безбедност и контраразузнавање. Следени и прислушувани се и новинари од провладините медиуми, но и професионални новинари, кои критички ги опсервираат состојбите во Македонија, вели Заев. Тој рече дека за некои новинари, меѓу кои и загинатиот уредник на Фокус, Никола Младенов, се правени и досиеја.
81C9902F-9270-441F-AB69-3CB038743FC7_w640_r1_s
Дел од новинарите кои биле прислушувани најавија дека ќе покренат тужби,објави Телма.

– Не ми е прв пат, бев прислушувана и во аферата Големото уво, но мислев дека системот досега се подобрил и дека нема да дозволи повторување на нешто слично – вели Катерина Блажевска,

И Оливера Трајковска најавува тужба. Таа сака да биде исплатена од имотот на оние што ова го организирале откако ќе бидат осудени за злосторничко здружување.