Припадниците на Министерството за внатрешни работи, Службата за сузбивање на криминалот и службата за борба против тероризмот, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, уапсија шест лица поради сомнение дека сториле кривично дело подготвување дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија, во врска со кривично дело насилно прекршување на уставниот поредок, објави „Н1 телевизија“.
Уапсени се: Љ.Д.(24), член на студентска организација „Став“, М.Ц.(26), член на Движењето на слободни граѓани, Д.С.(25), член на Движењето на слободни граѓани, М. (27), член на Движењето на слободни граѓани.
Полицијата продолжува интензивно да работи на овој случај, се додава.
На снимката што ја пренесоа некои медиуми синоќа, се слуша како група луѓе разговараат за можни упади во Собранието на Србија и Радио телевизија на Србија. ПСГ се огради од снимката, но забележа и дека луѓето биле незаконски прислушувани и дека тоа бил приватен разговор, а не организирање на насилни протести.