(ВИДЕО) Први снимки од превземената зграда на полицијата во Ереван

од desk3
122 прегледи

Вооружените лица кои претходно денеска зедоа заложници во ерменската престолнина Ереван, објавија видео од зградата на полицијата. Претходно стана познато дека во нападот загинал еден човек, а неколку други беа повредени, соопштува ren.tv.Престапниците инсистираат од притвор да биде ослободен лидерот на радикалниот опозициски Фронт за јавен спас “Нова Ерменија” Жирајр Сефилјан кој е обвинет за незаконско стекнување и чување на оружје.

armen

Пред зградата на полицијата пристигнале трупи на националната армија. Се очекува изјава на шефот на полицијата во Ереван.

Власите во Ерменија истакнаа дека органите на прогонот целосно ја контролираат ситуацијата и да ги преземат сите неопходни мерки за ослободување на целата зграда.
Во исто време, еден од учесниците во заземањето рече дека полицијата ” ги игнорира безбедносните начела и вклучила оклопни возила кои почнале да пукаат”, а бунтовниците “беа принудени да возвратат со оган во самоодбрана”.

Истовремено опозициските приврзаници шират лажни информации преку медиумите дека и социјални мрежи дека почнало вооружено востание и обид за заземање на институциите.

Ерменската служба за безбедност наведува дека во тек се преговори со вооружените лица, со цел тие мирно да се предадат.