(ВИДЕО) Првото светско интервју на Мартија на црвениот тепих на Евросонг

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Миленичката на целиот регион и финалистка на талент шоуто „Пинкови ѕвездички“ Мартија Станојковиќ, сосема заслужено ја доби можноста оваа година да ја претставува Македонија на детскиот натпревар за избор на најдобра песна во Европа “Евровизија 2016“ во Малта.15094516_1140097439437989_1163690657980060695_n

Taa заедно со нејзините сценски придружнички веќе отпатува на Малта за да нè претставува на 20-ти ноември. 4 дена пред настапот, Мартија се појави на црвениот тепих и го даде своето прво светско кратко интервју на англиски јазик.

Несомнено Мартија ќе не претстави во вистинско светло на натпреварот, а додека ги броиме деновите, уште едно потсетување на песната, која се вбројува во фаворитите за победа, што беше потврдено и од новинарот кој ја интервјуираше.