(ВИДЕО) Пукање во хотел во Даблин, додека мерат двајца боксери пред меч

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Најмалку едно лице погина, а две се повредени во престрелка во хотел во Даблин во Ирска. Според првите информации нападот се случил попладнево во хотелот Риџенси, во текот на мерењето на боксерот пред утрешниот меч.Напаѓачите биле во униформи на ирски специјалци и пукале од оружје за кое се претпоставива дека е калашњиков.

dablin_0_620x0
Двајца или тројца мажи влегле во предворјето на хотелот, каде се одржувало мерење на боксерите Џејми Каван и Антонио Жоао Бент пред утрешниот меч. Освен гостите на хотелот, тука биле и навивачи.

Маскираните напаѓачи кои зборувале на тибичен даблински акцент, имале маскирна облека и панцири на кои со жолти букви пишувало ГАРДА ЕРУ. Без предупредување отвориле оган, по што десетици гости почнале да бегаат и да се кријат низ хотелот.
Мажот на возраст меѓу 20 и 30 години настрадал веднаш, а двајца се повредени со прострелни рани. Напаачите побегнале, а полицијата и итната медицинска помош се на местото на несреќата.

Според првичните информации, најверојатно се работи за пресметка, и се исклучува можноста за терористички напад.