11
Пукање се случи денес во христијанското училиште Абндант Лајф во Медисон, главниот град на американската сојузна држава Висконсин. Во нападот се ранети неколку лица, меѓу кои и деца. Повредените лица се пренесени во локалните болници, изјави за Си-Ен-Ен началникот на полицијата во Медисон, Шон Барнс.
Христијанското училиште го посетуваат приближно 390 ученици. Училиштето има кампус од 28 хектари, а на неговата веб-страница се наведува дека има „помали класови“ и го посетуваат ученици од околу 200 семејства во областа Дејн.
Училиштето планираше да затвори за божиќните празници по оваа недела.