Најмалку девет лица се убиени во пукотница во американската сојузна држава Мисури, на југоистокот на САД.

Според локалните медиуми напаѓачот извршил самоубиство.
Весникот „Хјустон хералд“ објави дека полицијата пронашла четири места на злосторство, како и дека најверојатно постојат уште две.
Пукотницата се случила ноќеска по локално време во местото Тајрон, а во еден паркиран автомобил е откриено телото на 36-годишен маж, за кого се верува дека е напаѓачот.
Би-Би-Си објави дека полицијата одела од врата до врата со цел да ги предупреди жителите да ги обезбедат своите домови. Мотивот за нападот и можната поврзаност на напаѓачот со жртвите засега не се познати. /MИА