Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Пекинг, во време кога во источна Европа се одвива голема драма, поради страв од руската инвазија на Украина.
Според светските медиуми, Путин наводно бил фатен како „спие“ за време на свечената церемонија кога украинските спортисти се појавиле пред публиката на стадионот.
Рускиот претседател седеше со скрстени раце и затворени очи додека украинските спортисти излегуваа на стадионот „Птичјо гнездо“. Фотографијата на рускиот лидер го обиколи светот, на која се гледа како Путин седи сам во редот, со затворени очи како да спие. Можно е Путин навистина да заспал за време на програмата, но можно е и се да изгледало баш така, бидејќи во тоа време парадирале украински спортисти.
JUST IN 🚨 Putin dozes off and appears to sleep as the Ukraine team passes by. #Olympics #Olympics2022 #Putin #Ukraine pic.twitter.com/bS5niyhsIr
— World News HQ (@HQWorldNews) February 4, 2022