(ВИДЕО) Путин маџомен, видете го лидерот на тренинг на џудо

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Откако играше хокеј, рускиот претседател Владимир Путин неделава беше и на тренинг на џудо со националниот тим на земјата. Партнер на тренингот на МАТ му беше тренерот Ецио Гамба.

0826-PUTIN-Judo_full_600

Присуствуваа и главните тренери на машкиот и на женскиот тим – Дмитриј Морозов и Константин Философенко, претседателот на Федерацијата во џудо Василиј Анисимов и првиот заменик-претседател на Државната дума и претседател на Олимпискиот комитет на Русија Алексасндар Жуков.
Во салата се појави и министерот за спорт Виталиј Мутко, кој беше во кимоно, но не излезе на МАТ.

Путин тренира џудо многу години и е мајстор во спортот. Претседателот на Русија поседува и црн појас во карате. Во јули на средба со индискиот премиер Нарендра тој му вети дека може да  почне да вежба и јога.

https://www.youtube.com/watch?v=Y4ceBnJY8c4