
Нема да го заборавиме загинувањето на руските војници. Украина е тргнала по патот на теророт.
Русија нема да гледа настрана, кога станува збор за нивните двајца војници кои загинаа во спречувањето на диверзии во Крим. Ова го изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Тој рече дека овие напади се “глупава криминална акција”, преку која украинските власти се обидуваат да го одвлечат вниманието од проблемите во својата земја.
Во текот на судирите со украинските диверсанти кои се обиделе да навлезат во Крим, за да организираат терористички акти, загинале вработен на Федералната служба за безбедност на Русија и војник од Министерството за одбрана на Русија.
“На прв поглед, изгледа како глупава криминална акција. Глупаво, бидејќи не е можно да се влијае на луѓето кои живеат во Крим, позитивно на овој начин. А, постпакта е криминална, бидејќи можеше да загинат многу луѓе. Тоа е атентат со валкани средства, тоа е многу опасна игра “, рече Путин.
“Украина не го бара патот преку преговори, туку преминува кон тероризам”, рече рускиот претседател на прес-конференција по завршувањето на преговорите со ерменскиот колега Серж Саркисјан.
“Би сакал да се обратам кон нашите американски и европски партнери. Мислам дека сето веќе е очигледно дека денешните киевски власти не бараат начини за решавање на проблемот преку патот на преговори, туку преминуваат кон терор. Ова е многу загрижувачки. Оние кои ги поддржуваат денешните Киевска власти, треба сепак да одлучат што тие сакаат: сакаат нивните клиенти и во иднина да се занимаваат со слични провокации, или сакаат сепак реално мирно решение на конфликтот “, рече Путин.
Во позадината на приведените украински диверсанти во Крим средбата во нормандскя формат, планирана да се одржи во рамките на самитот на Г-20, претседателот на Русија ја дефинира како бесмислена. “Ова се многу загрижувачки информации, во овие услови да се сретнеме во нормандски формат на” полето “на самитот на Г-20 е бесмислено”, рече тој