(ВИДЕО) Путин се спушти на дното на Црното Море

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин се спушти со подморница на дното на Црното Море, соопшти воениот телевизиски канал “Ѕвезда”.20150818.hytlbtumti

Тоа се случи за време на третата посета на шефот на државата во анексираниот Крим, во рок од една година наваму. На длабочина од 82 метри, тимот од центарот за подводни истражувања на компанијата му ги покажал на претседателот остатоците од потонатиот антички брод со расфрлани наоколу древни амфори.