(ВИДЕО): Расчистен случајот со пронајденото оружје во Арачиново, му припаѓало на кумановец

од Milan1
69 прегледи

СВР Скопје го расчисти случајот со оружјето кое беше пронајдено од страна на полициски службеници од СВР Скопје на 18.12.2024 на територија на општина Арачиново, покрај локален пат од с.Орланци кон с.Никуштак.

Полицијата тогаш пронајде девет автоматски пушки, еден пушкомитралез и поголема количина на муниција.

По преземени соодветни мерки и активности и извршени вештачења во Одделот за форензички испитувања, утврдено е дека оружјето е на Х.С. (29) од Куманово.

На 29.12.2024 Х.С. е лишен од слобода на граничниот премин Долно Блаце, а од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесена е кривична пријава по итна постапка, информира МВР.

Денеска од страна на судија на претходна постапка му е изречена мерка 30-дневен притвор.

 

Слични содржини