Она за што многумина сонуваа, веќе стана реалност. Од брендот Scribble создадоа пенкало кое е веројатно последното кое ќе го купите во животот. Зошто? Поради три нешта:
Паметно мастило – напредната технологија создаде брзосушечко и водоотпорно мастило кое никогаш нема да избледне, а е во која боја и ќе посакате. Само треба да го доближите до предмет кој е во онаа нијанса која ви е потребна.
Батерија на полнење – Се полни многу брзо преку УСБ микро кабел, со 15 часа времетраење.
Компатибилност со други технолошки платформи – Многу едноставно може да ги пренесете вашите сопствени бои во Фотошоп или Корел, за да ја употребите на компјутер или таблет.
За сите намени на ова паметно пенкало, погледнете во видеото.