(ВИДЕО) Рибар спасен по 11 дена на море, преживеал во фрижидер

од Nikola Popovski
220 прегледи

Бразилски рибар преживеал вистинско искушение и бил спасен откако 11 дена пловел во морето без храна и вода.

Ромуалдо Македо Родригес на крајот на јули со својот дрвен брод го напуштил градот Ојапоке во Бразил и се упатил кон островот Илет ла Мере.

Меѓутоа, по само неколку дена бродот на 44-годишниот потонал. Ромуалдо спасот го пронашол во фрлен, стар фрижидер кој пловел на морето и се сокрил во него.

По 11 дена, во негова близина се појавил голем брод, а тој веќе бил во близина на брегот на Република Суринам.

На социјалните мрежи почна да се шири неверојатно видео од спасувањето на гладниот и дехидриран рибар, кому на 11 август му помогнале да се качи на брод.

Ромуалдо само колабирал, па му била укажана прва помош, а потоа бил префрлен во болница на брегот. Но, веднаш бил уапсен и држен во затвор 16 дена.

Полицаецот Луис Карлос Порто за овој бизарен случај рекол: „Беше многу слаб, слаб, но со ведар дух. Имаше рани по целото тело. Имаше и големи проблеми со видот поради сонцето, топлината и солта, но брзо се опорави“.

„Како повторно да се родив. Мислев дека ќе ме нападнат ајкули. Не можев да поверувам кога ја слушнав вревата и го видов бродот над замрзнувачот. Мислеа дека нема никој внатре. Кога се приближија, не ги видов убаво и само реков: „Боже мој, брод!“ Ги кренав рацете и молев за помош“.

Во оваа авантура, бразилскиот рибар ослабел пет килограми и бил сериозно дехидриран. Но, тој е среќен што нашол фрижидер кој му го спасил животот, пишува „Унилад“.

„Најмногу ме мачеше жедта, а овој фрижидер беше Бог за мене. Чудо“, заклучил рибарот.

Слични содржини