(ВИДЕО) Ријана нападната од еколозите

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Ријана е позната по екстравагантниот стил на облекување, вклучувајќи и масивни палта од кожа.4ad2db2c7d5d43d90c8d75fbb91514dc

Токму тоа ги предизвикало еколозите, кои се обиделе да го попречат претставувањето на новиот парфем на пејачката во Њујорк.

27-годишната Ријана беше во голема продавница во Бруклин, каде го претставуваше својот парфем Riri кога протестот на еколозите избувна.

Се појави и аматерско видео од настанот, на кое се гледа групата која се залага за благосостојба на животните.

Неколку луѓе одговорни за безбедноста на настанот, успеаја да ги “отстранат” еколозите, кои носеа транспаренти и извикуваа:“Ријана, засрами се”.

Пејачката успеа да ги налути активистите уште во 2012 година, кога се појави со чизми од змиска кожа.

Еве и аматерско видео од протестот против Ријана: