(ВИДЕО) Роберт Дауни Џуниор стана од интервју по прашање за минатото

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Роберт Дауни Џуниор го напушти скандалозно последното интервју откако водителот му постави прашање за неговото минато како наркоман и затвореник.2956cc0a63981de202ed440ba832fd9c

Актерот се изнервира бидејќи новинарот од Канал 4 Кришнан Гуру-Мурти се дрзна да го испрашува за неговото време во затвор и за неговите лични односи со неговиот татко.

Ѕвездата од “Железниот човек” беше поканет во преносот, за да зборува за својот најнов филм “Одмаздници: Ерата на Ултрон”, но кога беше запрашан за проблематичното минато, што вклучува бројни апсења и злоупотреба на дрога и алкохол, тој дефинитивно се почувствува притиснат.

Во почетокот на интервјуто на 50-годишниот актер изгледа во добро расположение, но постепено се гледа во видеото како почнува да станува нервозен од прашањата на Кришнан.

Од Роберт беше побарано да ги објасни зборовите од пред некое време: “Не можеш да одиш во американски затвор откако си бил во хотел за 2 илјади долари на вечер.”

Потоа ѕвездата видливо се налути од прашањето на водителот за тешката врска со неговиот татко.

Веднаш по ова прашање Дауни си замина, велејќи дека не е на интервјуто со водителката Дајан Соер, која е позната по тоа што поставува премногу лични прашања.

Подоцна Кришнан го вели во својот Twitter профил следново: “Челичен момент со Железниот човек”. Корисниците сепак му одговорија дека “нема ниво” и дека Дауни со право си отишол.