(ВИДЕО) Русија го вооружува Иран со најсовремени ракети “Антеј-2500”

од desk3
102 прегледи

Русија му ги предложила на Иран своите најнови ракети “Антеј-2500” наместо постарата генерација “С-300”, соопштува “Ројтерс”, повикувајќи се на шефот на рускиот конгломерат “Рост” Сергеј Чемезов.

Според податоците на Агенцијата ТАСС во моментов Чемезов е во Техеран и дискутира за договорот со иранските лидери. Во 2010 година, под притисок на Запад Русија се откажа од договорот за испорака на ракети земја-воздух “С-300” за Иран, по што Техеран поднесе тужба за 4 милијарди долари во арбитражниот суд во Женева. “Ројтерс” наведува дека и покрај тоа, двете земји остануваат сојузници.

САД и Израел ја притиснаа Москва да се откаже од претходниот договор за продажба на ракети со аргументот дека “С-300” може да служат за заштита на нуклеарните капацитети на Иран во случај на воздушен напад против него.

 

Ниту една од трите земји не го коментира новиот предлог. “Што се однесува до Иран, предложивме Антеј-2500 наместо С-300. Го размислуваат предлогот, сеуште не е донесена одлука”, изјави Чемезов.

zx450y250_2478311 (1)

“Рособоронекспорт” е дел од државниот конгломерат “Рост” и се занимава единствено со увоз и извоз на оружје од Русија. Ракетите “Антеј-2500” се произведени врз основа на системот “С-300В”. Можат да пресретнат ракети, движејќи се со брзина до 4.500 метри во секунда во опсег од 2.500 километри.

“С-300” имаат многу помал обем, а Русија неколкукратно го навлекува гневот на Западот поради тоа што ги продава на Сирија и други земји од Блискиот Исток. Чемезов коментира за новинарите дека конфликтите во регионот помагаат за зголемување на извозот на руското оружје.

“Не го кријам, сите го знам тоа – колку повеќе конфликти има, толку повеќе оружје се купува од нас. Обемот продолжуваат да расте, без оглед на санкциите. Главниот пазар се Латинска Америка и Блискиот Исток”, вели тој и додава дека минатата година Русија продала оружје во вредност од 13 милијарди долари.