(ВИДЕО) Русија почна да ја гаѓа Ракка и со крстосувачки ракети од Медитеранот

од desk3
78 прегледи

Рускaта војска почна воздушни напади против Ракка, тврдината на “Исламска држава” во Сирија, со крстосувачки ракети, истрелани од бродови во Средоземното Море, објави францускиот весник “Монд”, повикувајќи се на претставник на француската влада.

Претходно беше соопштено од висок извор од француската влада дека Русија удрила по позиции на “Исламска држава” во Ракка.

-В-СИРИИ-Ракеты-с-кораблей-ВМФ-России-Syria

Вработен на американската влада изјави за “Ројтерс дека Москва презела значителен број на удари во Сирија, користејќи и ракети, истрелани од морето и бомбардери. Тој додал дека Русија му соопштила тоа на Вашингтон пред почетокот на воздушните напади согласно на одредбите со договорот за воздушна безбедност меѓу двете земји.

Од руското воено министерство не се коментира информацијата. Во меѓувреме, познато е дека во Медитеранот може да е распоредена новата дизел подморница “Ростов на Дон”, која може да е опремена со ракети “Калибар”, забележува “Ведомости”.

Ова е второ учество на руски воени бродови во Сирија, откако на 7 октомври од бродови во Каспиското Море Русите лансираа 26 ракети “Калибар” по 11 цели на терористите.