(ВИДЕО) Русите синоќа уништија еден од најголемите трговски центри во Европа

од Илинка Илиоска
41 прегледи

Руската армија доцна синоќа изврши напад со беспилотни летала на голем трговски центар во киевскиот кварт во Харков.

„Нападот беше насочен кон еден од најголемите трговски центари во Харков, кој се наоѓа во областа Кијевски, во близина на транспортната инфраструктура. Продавниците се во пламен. Засега нема информации за жртви“, објави на Телеграм градоначалникот на Харков, Ихор Терехов.

Пазарот Барабашово беше најголемиот пазар во Источна Украина и 14-ти најголем пазар во светот. На 75 хектари посетителите можеа да најдат сè, од облека, електроника и покуќнина до свеж зеленчук, храна и земјоделски производи.

Пазарот привлекува купувачи од Украина и од соседните земји поради големиот избор и поволните цени.

Од почетокот на војната, Русите постојано го напаѓаацентарот. Во првите неколку месеци од инвазијата,  беше гранатиран најмалку три пати. Големи делови од центарот беа уништени, но трговците секој пат се враќаа, пишува Индекс.

Слични содржини