Три лица загинаа, а повеќе се повредени во руски воздушен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти. Претходно беше соопштено дека загинале четири лица. Нападот го погоди централниот кварт Шевченкеивски предизвикувајќи значително уништување на цивилната инфраструктура.
Жителите на Киев прво слушнале две силни експлозии, додека сирените за воздушен напад се огласиле дури по ударот, околу 6 часот по локално време. Нападот беше толку брз што предупредувањето за балистичка закана пристигна предоцна, а проектилите веќе предизвикаа уништување.
Проектилот остави длабок кратер.
Најголема штета е забележана во областа Шевченкиевски, каде што проектил удрил на патот пред деловен центар, оставајќи длабок кратер. Блиската воена фабрика, која беше цел на повеќекратни напади, не е единствената погодена – оштетени се и цивилни згради, вклучувајќи метро станици, ресторани и деловни згради. Еден пар загинал во нивното возило.
Високата стаклена кула и деловниот центар, веќе оштетени во претходните напади, сега беа гранатирани и дополнително уништени. Проектилот или остатоците од проектилот ја погодиле главната зграда, која, за среќа, била празна во моментот на нападот.
Андриј Кулчицкиј, шеф на Воената истражувачка лабораторија на Киевскиот институт за научна експертиза, потврди дека кратерот е резултат на директен удар од балистичка ракета Искандер-М.
„Балистичките ракети патуваат толку брзо што предупредувачките сирени не можат да реагираат навреме“, изјави Кулчицки за Би-Би-Си.
Ова е втор смртоносен напад на Киев овој месец. На Нова година градот беше цел и на напад, во кој загинаа две лица.