(ВИДЕО) Руски генерал загина во експлозија на автомобил во Москва

од Milan1
70 прегледи

Висок руски воен офицер беше убиен денес по експлозија на автомобил во градот Балашиха, во Московскиот регион, објавија руски медиуми.

Тие го идентификуваше убиениот како Јарослав Москалик, заменик-началник на Главната оперативна дирекција на Главниот штаб на руските вооружени сили.

„Ројтерс“ не можеше независно да ги потврди овие тврдења.

Руските власти сè уште официјално не го коментираа настанот ниту го потврдија идентитетот на убиениот офицер.

Руската медиумска куќа „База“, која наводно има извори во безбедносните служби, објави дека бомбата била поставена во паркиран автомобил и дека била активирана со далечински управувач во моментот кога генералот, кој живеел во близина, поминувал покрај возилото.

Слични содржини