Бомбардери на руските воздухопловни сили Су-34 нанеле катастрофални удари по место каде најверојатно имало закажана средба на старешини на “Исламска држава” во реонот на гратчето Сармин во провинцијата Идлиб на Сирија, соопшти официјално Министерството за одбрана на Русија.
Ноќеска разузнавањето на руските војници во Сирија открило движење на девет возила со зголемена проодност, вооружени со големо-калибарски митралези. Веднаш оваа информација била испратена во Координативниот центар и биле Су-34 се кренати.
Тие нанеле удар со насочна бомба КАБ-500 и ги уништиле сите цели во регионот. Нема податоци кои точно биле командантите на “Исламска држава” таму и дали сите загинале.
