(ВИДЕО) Руските авиони убија 60 џихадисти, во селото каде ИСИС уби 300 цивили

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Руските авиони во воздушни напади убија 60 терористи на Исламската држава во сириската провинција Деир ез-Зор, соопшти руското министерство за одбрана.

sirija-bombardovanje-youtub_620x0

„Руски бомбардери СУ-34 гаѓаа утврдувања на терористите во близина на селото Балиља каде ИСИС пред неколку дена погуби 300 цивили со цел да ги уплаши жителите“, изјави портпаролот на министерството.
Во воздушните напади уништени се и три камиони со муниција и две теренски возила со противвоздушни топови.

Џихадистите таму пред неколку дена убија цели семејства, зошто наводно соработувале со вооружените сили на Сирија.