(ВИДЕО) САД ќе и достават на Полска ракети ASSM-ER

од desk3
123 прегледи

Полска и САД потпишаа договор за испорака на американски ракети од типот ASSM-ER за полската страна. Ова го соопшти денеска Министерството за национална одбрана во Варшава, цитирано од агенциите.

“Пред неколку дена беше потпишан договор меѓу претставниците на Полска и САД, кој гарантира испорака во Полска на ракети од типот ASSM-ER. Вредноста на договорот е 940 милиони злоти (235 милиони долари)”, изјави министерството.

ASSM-ER е американска, крилата ракета “воздух-земја” со голема точност. Тоа може да поразува цели на растојание до 980 километри од местото на лансирањето .