(ВИДЕО) Санторини остана без својот симбол: Црвената плажа исчезна по силните земјотреси

од Илинка Илиоска
96 прегледи

Серијата земјотреси што го погодија архипелагот Додеканези значително го изменија пејзажот на Санторини, еден од најпознатите грчки острови. Најсилниот потрес досега, со јачина од 5,2 степени според Рихтер, се случи вчера вечер, а од 26 јануари во регионот се регистрирани околу 6.400 земјотреси.

Еден од најдраматичните ефекти на потресите е огромното свлечиште што речиси целосно ја уништи познатата Црвена плажа – една од главните туристички атракции на Санторини. На социјалните мрежи се појавија снимки од плажата прекриена со големи карпи кои се одрониле од блискиот рид. Локалните власти ја затворија локацијата за посетители, но некои туристи сè уште се обидуваат да пристапат до неа.

Покрај материјалната штета, земјотресите доведоа и до масовно заминување на населението. Според грчките медиуми, повеќе од 10.000 жители и туристи го напуштиле островот во последните денови поради зачестените потреси.

Слични содржини