(ВИДЕО) СДК: Битола му ja пее на Tалевски неговата „Помогнете добар судија“

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Дестската песна  „Судски процес“ од популарната серија „Здраво Генијалци“ во која ликот на Двојче го играше актуелниот градоначалник Владимир Талевски , по  дваесетина години откако беше испеана, повторно стана хит во Битола, информира порталот Сакам Да Кажам.

tufi-i-dvojce

Градоначалникот Владимир Талевски СЈО го сомничи за финансиски малверзации со превозот на учениците, а претседателот Ѓорге Иванов го помилува.  И тој испратил писмо до Иванов во кое бара да ја повлече аболицијата за него.

https://youtu.be/JpkAwgaazHU

Покрај неколкуте илјади прегледи на Интеренет каналот Јутјуб, битолчани деновиве си ја препраќаат на мобилни телефони и по социјалните мрежи. Ваквиот римејк се должи на тематиката на песната, во која на судски процес  обвинетиот моли „помогнете добар судија, па не сум крадец и не сум криминалец“, а делови од песната пее и Двојче.  „Здраво генијалци“ се емитуваше во средината на 1990-ите години на МТВ.

Песната ја пее Томче Томски, тогаш дете,  а Двојче е судија, но пее делови од песната заедно со пејачот. Во песната се вели „Обвинетиот да стане/ казна му се печи. Сите сирени ко да се приклучија/ кога вака рече господинот судија. Во сите бои луѓето ги гледам/ се срамам и си велам/ леле кај да бегам.“  Продолжува рефренот „помогнете добар судија/ па не сум крадец и не сум криминалец/ Silence please/ се вцрви тој во чело/ пет години затвор за твоето дело.“ На крајот на песната, зашто детето не украло банка туку само еден поглед , судијата го ослободува. „Чеканчето од маса удира три пати/ судијата се смири конечно ме сфати/ Silence please/ на странски ко да рече/ обвинетиот е слободен/ете така рече.“

 

„Здраво генијалци“ престана да се снима пред  скоро две децнии, но на битолскиот градоначалник  до денес му остана прекарот Двојче, по култната улога. Под тој прекар на транспарентите го имаа напишано и демонстрантите кои изминативе 4 дена протестираа пред општинската зграда.

извор: Сакам Да Кажам