Додека на вработените им доцнат платите, директорите на сите општински јавни претпријатија во Охрид си ги зголемиле платите за по 10.000 денари, обвини опозициската СДСМ, а чиј став го пренесе Телма.

Одлуката била аминувана од управните одбори на јавните претпријатија, како мотив за големиот обем на работа и доброто раководење.
-Имаме сознанија дека директорите преку ноќ си донеле одлука, преку нивните управни одбори, да ги зголемат платите за 10.000 и сега им изнесуваат над 46. 000 денари. Во услови кога во јавните претпријатија голем број од вработените одат на принуден одмор и земаат 70% од платата директорите се луксузираат. – изјави Жаклина Лазаревска – ОО СДСМ Охрид./Повеќе на извор Телма
Целото видео можете да го видите тука