72
Денеска, Министерството за внатрешни работи направи промоција на проект за сеопфатна реформа на системот за национална безбедност.
Ова е признание од МВР дека навистина има потреба за реформа на безбедносниот систем којшто токму оваа власт целоно го сруши.
Со понудениот концепт, се предлага носител на процесот да биде сегашниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков.
Ова е целосно неприфатливо.
Не може носител на реформски процес да биде некој кој 10 години правел злоупотреби на безбедносниот систем за лични и партиски интереси на врвот на ВМРО-ДПМНЕ.
Пред да дојде Нуланд и Груевски и Заев подготвени за избори- останува уште да се договори датум
СДСМ смета дека е нужна реформа на срушениот безбедносен систем но во сосема други околностии со други личности.