(Видео) Се е јасно Никола, сите лажни, лицемерни изјави излегоа на површина, никој не ти верува. Готово е!

од Vladimir Zorba
155 прегледи

 

Уставниот суд ВЕДНАШ треба да се произнесе за иницијативата околу уставноста на Законот за СЈО.Срамните и неуставни одлуки за аболиција од страна на Ѓорѓе Иванов ВЕДНАШ и ЦЕЛОСНО да бидат поништени.Manchevski 04032016Овие две работи се од исклучително значење, бидејќи вчера се потврди она што сите го знаат. Никола Груевски лажно и лицемерно изјавуваше дека барал повлекување на аболицијата.   Помилуваниот Груевски сакал да се осигура дека Специјалното јавно обвинителство ја запрело постапката за него. Тој, преку одбраната, барал да добие примерок од наредбата на СЈО за запирање на постапката против него. Тоа е најсилната потврда дека Никола Груевски гледа единствен спас во аболицијата.

Свесен дека е виновен, се обидува да обезбеди документ коjшто по закон нема право да го одбие. Се е јасно Никола. Сите лажни, лицемерни изјави излегоа на површина, никој не ти верува. Готово е.