(ВИДЕО) Се истражува неисправност во противвоздушната одбрана на Израел: Сирените не се огласиле, дрон успеал да стигне до куќата на Нетанјаху

од Илинка Илиоска
160 прегледи

Се истражува можна неисправност во израелската противвоздушна одбрана, бидејќи сирените за предупредување не се огласиле откако биле отпуштени дроновите кои го нападнале домот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Цезареја.

Израелската влада соопшти дека дронот бил лансиран од Либан, а премиерот и неговата сопруга не биле присутни во домот за време на нападот.

„Тајмс оф Израел“ објави дека дронот бил насочен директно кон приватниот дом на премиерот и дека е едно од трите беспилотни летала истрелани од Либан. Два од нив биле соборени од израелската воздушна одбрана, додека третиот дрон успеал да стигне до куќата. Се истражува како овој дрон успеал да го избегне противвоздушниот систем.

Видео снимки покажуваат израелски хеликоптери како ги следат беспилотните летала на север од земјата.

Слични содржини