(ВИДЕО) Се појави и снимка од Мијалков во Монако

од Milan1
179 прегледи

По објавената слика од поранешниот директорот на УБК, Сашо Мијалков, на Инстаграм се појави и видео. Тој е снимен пред луксузен хотел, како излегува од црвено ферари, чија вредност се проценува на неколку стотици илјади евра.

 

Мијалков излезе предвреме од затвор и е  на слобода од декември 2024 година. Мијалков всушност излегува 4 месеци порано од затвор, но на решението има право на жалба пред Апелација. Инаку, Апелација претходно ја уважи жалбата на Мијалков, откако предлогот на директорот на затворот во Струга, Ваљон Ќура за условен отпуст на осудениот, беше одбиен како неоснован.

Мијалков излегува од затвор под услов до 25 април 2025 година да не стори кривично дело.

Мијалков за предметот „Империја“ во спогодба со Јавното обвинителство призна вина и доби тригодишна затворска казна и конфискација на имот во вредност од, како што првично тврдеше тогашната шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска, 30 милиони евра. Подоцна, имотот му беше проценет на речиси двојно помал износ.

Ексшефот на УБК беше обвинет за кривичните дела злосторничко здружување и противправно стекнување и прикривање на имот.

Затворската казна наместо во „Идризово“, ја издржуваше во затворот во Струга, кој е од отворен тип, откако непосредно пред издржувањето на казната ја смени адресата на живеење од Скопје во Охрид.

Слични содржини