„Анџелине“ е составот кој го направи продукцијата. Девојките се имаа пријавено како соло изведувачки, но во регрутниот камп од нив пробаа да направат бенд.
Во последната фаза на регрутниот камп, кога Тончи требаше да ги избере неговите 6 фаворити, тој му ја украде Милица на Жељко и ја додаде кон трите девојки со што создаде една мошне интересна четворка.
Настапот на Анџелине во неговата куќа му ја потврди проценката. Девојките изведоа прекрасна верзија на хитот на Бијонсе “Crazy in love” и си обезбедија влез во финалните вечери.