(ВИДЕО) Се запали Боинг со 235 луѓе во него

од Milan1
15 прегледи

Се појави снимка на која се гледа застрашувачкиот момент кога се запали моторот на Боингот 767 на Делта ерлајнс, кој летал кон Атланта.

„Пилотите мораа да го свртат авионот и да се вратат поради проблем со левиот мотор, објави претходно „Делта ерлајнс“.

Авионот на крајот слета безбедно и се упати кон излезот. Во тој момент немаше повеќе пожар. Патниците можеа нормално да излезат од авионот.

Пожарникарите го прегледаа авионот како мерка на претпазливост. Во тек е истрага за да се утврди што тргнало наопаку“, соопштуваат од Авиокомпанијата.

Слични содржини