312
Јахта вредна неколку милиони евра се запали и потона додека била закотвена во пристаниште во јужниот британскиот град Торки, јави „Би-би-си“.
Агенцијата за животна средина (ЕА) соопшти дека се верува дека на јахтата имало околу девет тони дизел. Портпаролот на полицијата рече дека жителите во близина треба да ги држат вратите и прозорците затворени „поради нивото на чад и испарувањето“. Тој додаде дека се уште не е позната причината за пожарот.