(ВИДЕО) Се запали уште една гласачка кутија во САД

од Milan1
49 прегледи

Кутија за предвремено гласање во државата Вашингтон пред претседателските и конгресните избори во САД на 5 ноември изгоре денеска во сомнителен подметнат пожар што го истражува ФБИ, соопшти локалната полиција.

Снимката од локалната телевизија „КАТУ“ покажува чад што доаѓа од гласачката кутија во Ванкувер, а може да се видат и повеќе запалени гласачки ливчиња. Кутијата не беше испразнета од 8 часот наутро по локално време во неделата, па стотици гласачки ливчиња беа уништени, соопшти телевизијата, повикувајќи се на локалните власти.

Полициската управа на Ванкувер соопшти дека отстранила „сомнителен уред“ што бил до кутијата.

Кутијата се наоѓаше во 3-от округ на државата Вашингтон, седиштето на една од најнеизвесните трки во Претставничкиот дом, во која се натпреваруваат демократската претставничка Мари Глузенкамп Перез и републиканскиот противник Џо Кент.

Инцидентот е последен во серијата саботажи на гласачките кутии. Полицијата во Портланд, Орегон во понеделникот наутро добила пријава за сличен пожар предизвикан од запаливо средство во гласачка кутија.

Во четвртокот во Феникс беше уапсен маж откако беше запалено поштенско сандаче при што изгореа 20 гласачки ливчиња.

Слични содржини