ВИДЕО: Седум туристи загинаа откако карпа падна врз нивните чамци

од Берта Китинска
307 прегледи

Најмалку седум лица загинаа откако огромна карпа падна врз неколку туристички чамци во саботата во бразилската држава Минас Жераис во југоисточниот дел на Бразил, соопшти локалната противпожарна служба.

Камениот блок ненадејно се одвоил од ѕидот на кањонот и удрил во неколку чамци, предизвикувајќи огромен бран над езерото Фурнас во регионот Капитолио, во државата Минас Жераис, соопштија локалните власти.

Властите соопштија дека пожарникарите и нуркачите трагаат по исчезнатите.

Потврдено е дека во несреќата се повредени најмалку 32 лица, а меѓу нив 23 лица со полесни повреди се пренесени во Санта Каса де Капитолио и веќе се пуштени од болница.

Слични содржини