Селин Дион тврди дека таа никогаш не била интимна со друг човек, освен со нејзиниот покоен маж.
“Се уште сум заљубена во него” соопшти таа во интервју за емисијата “CBS Sunday Morning”, во врска со нејзиниот маж Рене Анжелил кој почина во Јануари од рак на грлото.
Кога и беше поставено прашањето “дали се надева дека повторно ќе се заљуби?” таа одговори “Не сега. Јас го сакам, го сакам, го сакам него. Јас сум се уште заљубена во него. Ја имам љубовта на моите деца. Ја имам љубовта на моите обожаватели. Ги сакам луѓето со кои што работам. Во мојот живот, не недостига љубов”.
48-годишната пејачка го обележи нејзиниот 1000-ти настап во “The Colosseum at Caesars Palacе” во Лас Вегас.
“Јас сеуште сум мажена за него. Јас никогаш не сум бакнала друг човек во мојот живот” откри таа.
Селин го запознала Рене кога имала само 12 години, при што тој стана нејзин менаџер. Неговата посветеност на негување на нејзината кариера, наводно го довело до тоа, неговиот дом да го стави под хипотека за да може да го финансира нејзиниот прв албум “La Voix du bon Dieu” во 1981-та година. Кога почина, тој имаше 73 години и беше 21 година во брак со познатата пејачка.
https://www.youtube.com/watch?v=q75AC9h7YVA