На Селин Дион ѝ се случи нешто што не би го посакале ниту на најлошиот пријател: два дена откако го изгуби љубениот сопруг, таа го изгуби и својот брат, двајцата поразени од болеста на 21 век -ракот.
За време на вчерашаната отворена погребна церемонија во катедралата Нотр Дам во Монтреал, таа стоеше со часови примајќи сочуство од сите познати и незнајни посетители, повремено облевајќи се во солзи и не повлекувајќи се до крај, и покрај видливиот стрес и изгубената сила.
„Мојата кариера беше на некој начин неговото ремек-дело, неговата песна, негова симфонија“ изјави таа, порачувајќи дека мора да го продолжи тоа што тој го започнал, за да продолжи да живее неговото дело.
Селин Дион и Рене Анџели беа во брак 21 година и имаат три деца.