Новиот предлог закон за владино рекламирање претставува начин да преживеат провладините медиуми кои веќе почнаа да должат и кратат плати на вработените, а дел од нив веќе почнаа и со „чистка“ на вработени поради немањето на финансиски средства-пишува А1он
Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани за А1он истакна дека доколку овој закон помине и на собраниска седница, тој ќе биде доставен до меѓународната заедница, за која е сигурен дека нема да ја прифатли легализацијата на корупција на медиуми.
Со новиот закон повторно ќе се вратат парите на истите медиуми кои до
сега преживуваа од парите на граѓаните, единствениот новитет е внесување на независни медиуми преку кои влада ќе покажува „транспарентност“ во делењето на парите.
Власта носи „практични“ законски измени за да ја контролира полицијата пред избори
– Ако овој закон помине, главен и одговорен уредник на медиумите ќе биде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, рече Селмани. Во предлог законот кој треба да се најде на собраниска седница не е прецизирана точната сума која ќе се дели на медиумите, единствено се објаснува дека се работи за суми над 100.000 евра.
Повеќе ТУКА