(ВИДЕО) Селмани: Извештајот на ЕК за медиумите мора да се сфати сериозно

од desk3
112 прегледи

„Извештајот на ЕК во делот на медиумите за Македонија е сериозна порака која актуелната Влада, но и сите наредни ќе мора да ја прифатат порачуваат од ЗНМ„, информира 24Вести.

Претседателот на здружението Насер Селмани вели дека е крајно време партиите да тргнат раце од медиумите независно дали станува збор за нивно рекламирање или наметнување на било каква политичка агенда.

Селмани порачува дека со извештајот само се потврдува реалната и лоша слика во медиумскиот пазар,

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права пак во емисијата 24 За животот исто така денеска реагираа и на се позачестениот говор на омраза кај дел од медиумите. Велат дека често медиумите во земјава не само што шират говор на омраза, туку и прикриваат информации кои се значајни и гледачите имаат право да ги знаат./извор 24Вести