ВИДЕО: Сепак споменикот на Мајка Тереза се гради „на големо“

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Зад споменикот „Димитрија Чуповски“ на плоштадот Македонија, екипи на фирмата „Бетон“ изведуваат градежни работи за оформување на фонтаната и придружните елементи за споменикот на Мајка Тереза, кој го гради Министерството за култура. Иако првично овој споменик требаше да се изгради лани, тој стагнираше со изградбата.

spomenikmajkatereza3-Libertas

Пристапот до плоштадот од овој дел е затворен, па изведен е премин покрај новата зграда на „Комерцијална банка“.  Дел од граѓаните не знаеја што точно се гради на локацијата.libertas

„Во моментот се работат армирано-бетонски и изолаторските работи, и тоа на базенот и повисокиот дел – порталот. Обложувањето со мермер, релјефите и скулпторските работи ќе се реализираат кон крајот на оваа година“, велат од Министерство за култура.

Инаку, изведувачот на споменикот, градежната компанија „Бетон“ треба да изгради и придружни елементи како тераса, фонтана, милосрдни сестри, ангели, декоративни венци во форма на пехар и други релјефи. Објектот ќе има и тераса под која ќе бидат поставени декоративни скулптури, а ќе има и декоративен елемент во форма на пехар. Нема информација дали споменикот на Димитрија Чуповски кој е непосредно пред новиот споменик ќе биде преместен.

https://youtu.be/eVMMh3Tf3Co

извор: тв21