Рускиот министер за надворешни работи заедно со колегата од САД одржаа комеморација за загинатите во нападот во Ница.
Ние нема да им дадеме мир на терористите, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пишува газета.ру. Првиот дипломат на Москва го коментира нападот во Ница, во кој загинаа најмалку 84 лица.
“Нашата земја е солидарна со францускиот народ. Ние жалиме заедно со вас. Најдобар одговор на терористичкиот чин во јужниот француски град е да не се дава мир на екстремистите, каде и да се наоѓаат тие”, рече тој.
Двајцата дипломати денеска ја прекинаа разговорите и отидоа до француската амбасада во Москва. Рускиот министер и американскиот државен секретар положија цвеќе пред зградата на дипломатската мисија.
Кери изрази најдлабоки сочувства и братски чувства кон францускиот народ. “Треба да бидеме силни и решителни, за да ставиме крај на ова зло – тероризмот”, изјави американскиот политичар.
