507
Пејачката Северина Вучковиќ изминатиов викенд одржа концерт во Осиек, а за време на настапот не ги криеше емоциите.
Таа на социјалните мрежи објави серија видеа од овој концерт, а судејќи по нив, пејачката била многу емотивна, особено затоа што во публиката бил и нејзиниот син Алекснадар.
Севе пред публиката се појави во необичен златен фустан со светки, а истакна дека е особено среќна што по 12 години повторно настапува во Осек.
Меѓутоа, кога ја испеа песната „Rođeno moje“ која ја посвети на својот син, пејачката не можеше да ги задржи солзите. Заедно со натписот на ова видео таа напиша: „Доброто секогаш победува на крајот, но би било многу подобро ако победи на почетокот“.