Шаја Лебјоф ѝ се заканил на својата девојка, актерката Миа Гот во сериозна расправија во Германија.
Вљубените започнале жесток скандал на јавно место, а драмата се случила во германскиот град Тибинген во петокот (24-ти јули).
Скандалот бил тајно снимен од случајни минувачи и кадрите веќе се појавија на интернет. Во видеото Лебјоф избувнува над русокосата и ѝ се заканува со насилство бидејќи таа одбива да му го даде неговиот ранец.
Тој вреска: “Не сакам да ја допрам оваа жена. Не сакам да ја удрам, но таа ме принудува!”
На други кадри се гледа како 29-годишниот Шаја е во таксито, на пат за аеродромот, вели дека ако не влезел веднаш од колата, ќе требало да ја убие Миа.
Ова е уште еден пат, во кој Лебјоф се однесуваат чудно и агресивно вопоследните неколку години. Според многу луѓе хаотичните манифестации, поради кои се замешува во различни скандали, се должат на неговата зависност кон алкохолот и дрогата.
На денот по инцидентот, ГГот се појавила со црно око, тврдат германските таблоиди.
И покрај своето глупаво однесување Шаја продолжува да си наоѓа работа во кино-индустријата.
Што се однесува до односите со Гот, двајцата се заедно од 2012-та година, откако се сретнаа на снимањето на филмот “ Нимфоманка “на режисерот Ларс фон Трир.
Дури неодамна се појавија гласини дека Шаја ѝ предложил брак на 22-годишната Миа, но двајцата не ја декларирале официјално нивната свршувачка.