(ВИДЕО) Шарената револуција: Казна за Владата – обоена повторно зградата

од Vladimir Zorba
161 прегледи

 

timthumb

Граѓаните вечерва во Скопје протестираат против работата на полицијата за приватни интереси. Тие пристигнаа пред Владата на РМ. И повторно зградата ја бојадисаа.

Под мотото „Кривиот пишува кривични“ вечерва се одвива протестот на Шарената револуција. Вообичаено и вечерва протестот почна пред зградата каде што е сместено Специјалното јавно обвинителтво.

„Начинот како се распределуваат времето и приоритетите на државните институции значи политика. Сè додека криминалци шетаат слободно, а полицијата се занимава со тоа кој ги бои институциите, ќе сметаме дека полицијата е злоупотребена. Ќе сметаме дека работи за приватни интереси! ‪#‎Протестирам‬ против злоупотреба на полицијата за пресметка со граѓан(к)ите кои протестираат за правда! #Протестирам против гонењето на нашите соборки и соборци!„ се вели во прогласот на социјалната мрежа на Шарената револуција- Протестирам/ фото а1он видео Мета