(ВИДЕО) Шарената револуција повторно ја обои фасадата на Владата

од desk3
104 прегледи

Започнаа денешните протести пред СЈО. На протестот дојде и целокупното раководство на СДСМ предводено од Заев. Веднаш потоа тој ги поведе кон Владата .

Сепак кордон полиција ги пречека демонстрантите кај Соборната црква ,за да не им дозволи да стигнат до владината зграда.

Но масата народ не можеше да биде сопрена од полицијата. Демонстрантите ја пробија нивната блокада и се упатија кон Владата.

Протестот продолжи пред Владата.

Откако се надобраа демонстрантите тие започнаа да ја фарбаат владината зграда.