Претседателот на жирито на музичкиот форум кој го избира претставникот на Шведска за Евровизија, се претвори во Кончита Вурст.
57-годишниот Кристер Бјоркман кој е отворен геј, излезе на сцената во златен фустан, со брада и силна шминка. Тој ја пееше Rise Like A Phoenix, песната со која Кончита Вурст победи на Евровизија 2014.
Бјоркман го стори тоа не со цел пародизирање на брадестата Австријка. Тој едноставно ја замени Вурст, која требаше да пее, но летот за Стокхолм ѝ задоцни. Вурст се појави кон крајот на шоуто, за да ги објави резултатите од гласањето на жирито.
57-годишниот Бјоркман е поранешен фризер и пејач, кој ја претставил Шведска на Евровизија 1992.