(ВИДЕО) Шекеринска: Имало многу приватни разговори на функционери кои се поатрактивни, но не ја преминавме таа граница

од desk3
84 прегледи

Во интервјуто на заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, за емисијата „24 Анализа“ на 24 Вести, едно од прашањата беше за стравувањето дека опозицијата во иднина би можела да ги злоупотреби снимките од прислушкувањето кои ги има кај себе за нечија уцена.

– Од самиот почеток кажавме дека процесот ќе го водиме многу чесно и нема да се трудиме и ние да ловиме во матно. Се разбира дека имало многу разговори приватни кои можеби би биле поатрактивни за македонската јавност а поболни за луѓето во власта. Имало. Меѓутоа од првиот до последен момент одолеавме на тој предизвик. Знаете, кога сте опозиција ќе речете – пушти разговор па нека црвене некој министер или премиер. Ни еднаш не ја преминавме таа граница и мислам дека на тој начин покажавме дека овие информации не ни се во раце за да ние ги злоупотребиме, туку за да ја нормализираме состојбата. Затоа строго дозирано беше она што јавноста треба да го знае заради тоа што е доказ за некаков тип на криминално однесување, корупција или кривчно дело. Ако сакавме ова да го злоупотребиме досега сто пати ќе го злоупотребевме. Со олеснување ќе го предадеме целиот материјал на специјалната обвинителка – рече Шекеринска.